Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 9. степени

Охрид, 21. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Максималната температура ќе се искачи до 9. степени.

– И во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, каде и дневните температури ќе се задржат пониски. За време на викендот температурите ќе бидат во пораст за неколку степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука