Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Пријава за лице од Шпанија со привремено живеалиште во Охрид кој фалсификувал пресметки за плата во локална фирма

Охрид, 21. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишниот А.Г.Р. од Шпанија, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.

– Тој, од еден правен субјект во Охрид одзел деловна книга за евиденција, ја пополнил со лажни податоци како да бил вработен во друг правен субјект во периодот од 26-ти февруари до 21-ви јули 2021 година, ги фалсификувал пресметките за плата во износ од 799.452 денари и истите ги заверил со сопствен потпис, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука