Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Пријава за лице од Охрид кое противправно зазело 180 м2 кај „Св. Стефан“ и поставило лежалки и чадори за сонце

Охрид, 22. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 71-годишниот Б.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

– Тој, неовластено, на плажа на брегот на Охридското Езеро, во туристичкиот комплекс „Св. Стефан“, зазел површина од околу 180 м2, што со закон е определена како површина за општа употреба и противправно, без одобрение издадено од надлежен орган од општина Охрид, поставил лежалки и чадори за сонце, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука