Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска ќе се презентира програмата за Нова година и празникот Богојавление Водици

Охрид, 23. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, денеска на прес конференција ќе ја презентира програмата за Нова година и празникот Богојавление Водици 2023.

И покрај мерките за штедење кои најголемиот дел од општините ги спроведуваат, Охрид сепак е украсен, како што доликува на најголемиот туристички центар во државата.

– За Нова година во Охрид се најавени голем број туристи од земјата и странство и не смееме да дозволиме градот да не биде украсен, порача неодамна градоначалникот Пецаков.

Организиран дочек најавуваат и угостителите, со богата музичка и забавна програма. Веќе неколку години наназад го спроведува овој концепт за прослава на новогодишните празници. За тоа потпомогна и Covid-19 кризата, која комплетно го смена начинот на кој се одбележуваат овие празници во најголемиот туристички центар во Република Македонија. Последен организиран концепт кој беше одлично прифатен од охриѓани и гостите беше проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ кој беше за прв пат имплементиран во 2017 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука