Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈП „Билјанини извори“: Ги покануваме советниците и координаторот на СДСМ Охрид на работен состанок да разговараме за минатото и сегашното финансиско работење на претпријатието

Охрид, 26. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Јавна покана до советниците, координаторот на СДСМ Охрид во Советот на Општина Охрид да дојдат на работен состанок во дирекцијата на „Билјанини извори“, да разговараме за минатото и сегашното финансиско работење на претпријатието или официјално да предложат до претседателот на Совет на првата наредна седница да се стави точка на дневен ред поврзана со минатото и сегашното работењето на претпријатието, велат од ЈП „Билјанини извори“.

Додаваат дека во партиско соопштение на СДСМ Охрид централна тема беше минатото финансиско работење на јавното претпријатие „Билјанини извори”, па затоа ги повикуваат на ваков состанок.

– За нас како јавно претпријатие како досега така и денес е од особена важност доброто информирање за состојбите во јавното претпријатие на секоја политичка партија во Охрид посебно кога таа партија има членови во Советот на Општина Охрид. Нивните претставници носат многу важни одлуки за нас и нашето тековно работење од што зависи егзистенцијата на 80 фамилии од Охрид, но зависи и квалитетот и развојот на нашата охридска заедница. Затоа преку ова соопштение за јавноста ја искористуваме можноста да упатиме јавна покана до советниците, координаторот на СДСМ Охрид во Советот на Општина Охрид да дојдат на работен состанок во дирекцијата на јавното претпријатие на кој би се разговарало за минатото и сегашното финансиско работење на претпријатието или официјално да предложат до претседателот на Совет на првата наредна седница да се стави точка на дневен ред поврзана со минатото и сегашното работењето на ЈП „Билјанини извори”. Верувајќи дека интересите на сите советници и политички партии, а во овој случај СДСМ Охрид се во насока на доброто функционирање на јавните претпријатија во Охрид, а со тоа и на ЈП „Билјанини извори” искрено се надеваме дека оваа наша покана или предлог ќе бидат прифатени, соопштија од претпријатието.

Посочуваат дека интересот на јавноста, на Охрид мора да биде поголем од интересот на поедници и тоа мора да го разберат и политичките партии. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука