Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 22. степени

Охрид, 21. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.

– Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст. Во средината на неделата се очекува преодно наоблачување проследено со локални врнежи од дожд и услови за грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука