Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Новогодишни пакетчиња за лицата згрижени на Одделението за геријатрија

Охрид, 28. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на новогодишните празници, поделени пакетчиња во Одделението за геријатрија при охридската Општа болница.

На иницијатива на раководителот на одделението, заедно со вработените и управата на болницата ги израдуваа 23-те лица згрижени таму, за и тие да ја почувствуваат празничната атмосфера.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Изразија благодарност до сите маркети од градот што им излегоа во пресрет и помогнаа со донација на продукти. Со ова на дело покажаа дека потребно е мало внимание за нечија голема радост. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука