Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Тројца кошаркари на ГКК „Охрид“ дел од македонската кадетска репрезентација

Охрид, 28. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Павел Стевкоски, Стефан Тасески и Хадис Усеин, играчи од М-16 на ГКК „Охрид“ се повикани на вториот селективен тренинг за репрезентација на Република Македонија.

Тие се дел од 22. кандидати за кадетската репрезентација кои селекторот Александар Јованчев ќе ги провери на вториот селективен тренинг за кошаркари родени 2007 година и помлади.

Тренингот ќе се одржи во големата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, во сабота, на 14-ти јануари 2023 година, како дел од активностите на кадетската машка репрезентација.

Список на кошаркари:

Ристе Букршлиев „Еуро Никел 2005“

Христијан Несторовски „Еуро Никел 2005“

Никита Исајлоски „Гостивар“

Матеј Митревски „Баскет Кам“

Мартин Атанасов „Баскет Кам“

Иван Мијалов „Баскет Кам“

Ѓорѓи Тодоров „Баскет Кам“

Марио Лазов „Водно Санс“

Наум Марковски „Пелистер“

Благојче Димитровски „Пелистер“

Христијан Дракуловски „Пелистер“

Лео Созовски „Пелистер“

Лука Шуменковски „Феникс“

Давид Нешиќ „Феникс“

Тарик Осман „Феникс“

Дарјан Димовски „Работнички“

Стефан Тасески „ГКК Охрид“

Павел Стевковски „ГКК Охрид“

Хадис Усеин „ГКК Охрид“

Ненад Петров „Ролинг 08“

Томислав Кечев „Ролинг 08“

Андреј Гаштарски „Водно Санс“. (Крај)

извор: kfsm фото: kfsm

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука