Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен крадец во Охрид, се обидел да ограби возило на улицата „Јане Сандански“

Охрид, 29. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми декември 2022 година, во 15:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 57-годишниот Б.Т. од Охрид.

– Тој бил затекнат на улицата „Јане Сандански“ во обид насилно да ја отвори возачката врата на патничко возило марка „Волво“ со охридски регистарски ознаки, во сопственост на лицето С.С. од Охрид, и да изврши кражба. Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука