Забава Избор

Почнува снимањето на филмот за Ејми Вајнхаус, ќе ја глуми актерката Мариса Абела

Лондон, 16. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продукцијата на претстојниот биографски филм за Ејми Вајнхаус, „Back to Black“, ја објави првата фотографија од актерката Мариса Абела во главната улога. Филмот ќе го режира Сем Тејлор-Џонсон, а снимањето почнува денеска во Лондон.

Филмот ќе го следи Вајнхаус од нејзините динамични рани години во Лондон до интензивното патување до славата. Минатиот јули беше објавено дека покојната пејачка ќе ја глуми 26-годишната англиска актерка Мариса Абела, која зад себе нема голема колекција улоги, но ќе се појави и во „Барби“ со Марго Роби.

– Целосно сум свесна за одговорноста што ја носи снимањето на филмот. Ќе настојувам да создадам филм што сите ќе го сакаме засекогаш. Исто како и Ејми. Кога првпат ја слушав во живо на едно шоу за таленти, веднаш сфатив дека таа не е само талент, таа беше гениј“, изјави Тејлор-Џонсон, позната по хитот „Педесет нијанси сиво“.

Излегувањето на „Back to Black“ е најавено во 2024 година. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука