Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 6. степени

Охрид, 30. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и студено време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 6. степени.

– Следува период на променливо облачно и студено време. Утре локално ќе провејува слаб снег и ќе дува засилен северен ветер. Во среда ќе има преодно намалување на облачноста, а од четврток повторно повремено ќе има слаби врнежи претежно од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука