Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

„Тамаро“ доделува ноќевање во Крушево, романтична вечера и многу други вредни подароци: Раскажете ни ја Вашата приказна, како започна Вашата љубов (Видео)

Охрид, 1. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На официјалниот Facebook профил на Супер радио веќе започна наградната игра „Раскажете ни ја Вашата приказна, како започна Вашата љубов“ во рамките на која охридските „Тамаро“ маркети доделуваат вредни награди.

Станува збор за најновиот проект на водечките охридски „Тамаро“ маркети, излезен од креативната работилница на број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радиоиBe 1 Digital Marketing.

Проектот се организира во пресрет на Денот на вљубените и има за цел да внесе многу позитивна езергија кај охриѓани. Предвидени се и вредни награди како ноќевање за двајца во преубавото Крушево, романтична вечера, пакет вино и уште бројни помали награди и подароци кои ќе се доделуваат на Супер радио.

Што треба да направите?

На Facebook профилот на Супер радио веќе започна наградна игра на која ќе се доделуваат дневни награди. Во коментар во неколку збора треба да ни ја раскажете Вашата љубовна приказна, како Ве освои саканиот или саканата, некој посебен момент или начин на кој Ве освоил/а. Ќе можете да ги тагирате пријателите за кои знаете дека имаат фантастична приказна за љубовта, која вреди да се сподели со сите. Доколку Вашата приказна е одбрана, ќе Ве контактираат нашите оператори за натамошните чекори и можноста да добиете некоја од главните награди. Нашата екипа до „Св. Валентин“ ќе ги посетува и најголемите маркети на „Тамаро“. Доколку Ве одбере, ќе имате можност да ја раскажете Вашата приказна и да бидете дел од нашата приказна – приказна во која ја славиме љубовта. „Тамаро“ за Денот на вљубените, порачуваат организаторите.

Време е за подароци, време е да ја славиме љубовта заедно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука