Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

В недела ќе се одржат традиционалните „Прличеви беседи“

Охрид, 3. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – В недела, на 5-ти февруари, ќе се одржи традиционалната манифестација „Прличеви беседи“, со која се одбележува годишнината од смртта на Григор Прличев, а истовремено се чествува ликот и делото на најпознатиот охридски поет и преродбеник.

Манифестацијата е во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“, а ќе биде отворена во 11:45 часот со изложба на ликовни дела од колекцијата на установата и ќе се одржи во изложбениот салон.

Нема достапен опис

Точно напладне во малата сала започнува свеченоста посветена на лауреатот на наградата. Ќе настапи градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ со изведба на традиционалната песна „1762 лето“.

Свои обраќања ќе имаат претставници на Центарот за култура и општина Охрид, по што ќе биде претставена наградената поема „Коњски житија“ од Зоран Анчески, а ќе има и артистичка изведба на истата. На годинашниот лауреат Зоран Анчески ќе му биде врачена Повелбата за најдобра поема за 2022 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука