Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Приведен жител на Велгошти кој извршил кражба во куќа во селото Слепче

Прилеп/Охрид, 4. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти февруари 2023 година, во 11:00 часот во прилепското село Слепче, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода 39-годишниот Д.В. од охридското село Велгошти.

– Тој се сомничи дека на 2-ри февруари 2023 година, во периодот од 09:00 до 16:00 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во куќата на лицето С.В.(81) од селото Слепче и одзел пари. Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука