Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Навивачка група „Рибари“: Се враќаме на натпреварите на ГРК „Охрид“, клубот на кој му ја дадовме младоста

Охрид, 4. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Навивачката група „Рибари“ информираат дека, по подолги дебати помеѓу членството и како што велат, усогласувањето на сите околности, се враќаат на натпреварите на ГРК „Охрид“.

– Многу беше болно да се гледа како клубот губи поради нашето одсуство. А тоа е клубот на кој му ја дадовме младоста. Се враќаме само поради Охрид. Читајте добро, само поради Охрид, не поради Горан Андоноски. Борбата ја продолжуваме со наше масовно присуство во сала. Сега со гордост можеме да кажеме дека ГРК „Охрид“ повторно ја добива својата душа, а тоа сме ние – НГ „Рибари“ без која клубот не може да биде ист. Повеќе никој нема да може да си игра со клубот, бидејќи ние ќе сме тука да се спротиставиме на секоја неправда, порачаа навивачите.

Додаваат дека уште сега најавуваат спектакл на првиот натпревар на домашен терен помеѓу ГРК „Охрид“ и РК „Вардар“.

– За сите детални информации ќе бидете дополнително известени. Ракометната магија повторно се враќа на голема врата. Се гледаме во сала. Напред Охрид, порачаа од Навивачката група „Рибари“ на нивниот официјален профил на Facebook. (Крај)

извор: Навивачка група „Рибари“ фото: ФБ Навивачка група „Рибари“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука