Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Второ издание на Рапид турнирот „Езерски Бисер 2023“ во Охрид

Охрид, 4. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Младинскиот Центар во Охрид денеска се одржа второто издание на Рапид турнирот „Езерски Бисер 2023“, на кој учествуваа 41 шахист од Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани.

– Турнирот се играше по Швајцарски систем во 7 кола со темпо на игра 10’05”. Наградени во младинска конкуренција, родени 2007 и помлади: Симоноски Лука златен медал, Елена Лушеска сребрен медал и Герасим Кумбароски бронзен медал, Лушеска Елена најдобро пласирана шахистка, Лука Симоноски најдобро пласиран млад шахист, Пандо Пурцов најдобро пласиран шахист во категорија 60+. Прво место, златен медал и сувенирот, бисерна кралица, го освои Методија Анѓелкоски со освоени 6 поени, сребрен медал за Анѓелкоска Јана со 6 поени и послаб Бухолц од прво пласираниот шахист, бронзен медал за Каланоски Милован, четврто место за Попаѓоски Љупчо и пето место за Ризвани Миљот, порачуваат организаторите од Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид.

Тие испраќаат благодарност до Општина Охрид која финансиски го помогна одржувањето на турнирот.

Сите информации за претстојните натпревари сите заинтересирани можат да ги најдат на веб порталот на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука