Забава Избор

David Guetta со AI креираше семпл од Eminem: Ова е идниот rave звук, ова е неверојатно

Лондон, 9. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот Dj David Guetta со софтвер за вештачка интелигенција успеа да го вметне Eminem во една од неговите песни.

Тој ја претстави песната на еден од неговите настапи, пуштајќи го гласот на Eminem, генериран од вештачката интелигенција велејќи: „Ова е идниот rave звук, ова е неверојатно“.

Guetta сподели видео од моментот кога го пушти семплот со порака: „Да ве запознаам со… Emin-AI-em“ и објасни дека семплот нема да биде објавен во комерцијални цели. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука