Здравје Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Струшката Општа болница доби нов современ мамограф

Струга, 10. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Струшката Општа болница доби нов, современ мамограф за рано откривање рак на дојка.

Во просек, 2-4 скрининг мамографии од секои 1000 покажуваат рак на дојка, а само 8-10 % од нив завршуваат на биопсија, истакна директорот на болницата д-р Арменд Арслани.

– Во соработка со Министерството за здравство, успеавме да обезбедиме еден од најсовремените апарати мамограф, кој е исклучително важен при раната дијагноза на малигните болести на дојката. Мамографот е современ со ниска доза на зрачење, со контролирана компресија и поголема резолуција на графии, додаде д-р Арслани и потенцира дека на овој начин ќе се овозможат поквалитетни здравствени услуги за пациентите од целиот југозападен регион.

Можно е да е слика од 2 луѓе и внатре

Министерот за здравство Беким Сали истакна дека скринингот е бесплатен и е важен за навремено откривање на сите промени регистрирани во организмот и ги повика сите жени од регионот да се пријават.

– Новитет во оваа програма годинава е дека сите случаи кои можат да бидат позитивни нема потреба да се враќаат кај матичните лекари за понатамошните испитувања, туку во самиот систем се упатуваат на повисоко ниво, а по потреба и на хирушка интервенција до Клиника за торакална хирургија, рече Сали.

Општата болница во Струга е една од 14-те јавни здравствени установи во Македонија што добија современа опрема за дијагностика преку Министертсвото за здравство во соработка со Светска банка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука