Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Бурно деноноќие во Охрид, Струга и Дебрца: Физички нападнати жена во Велгошти и лице од Кавадарци, два случаи на агресивно однесување…

Охрид/Струга, 12. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Настаните од полицискиот Билтен носат информации за бурно деноноќие во Охрид – физички нападнати жена во Велгошти и лице од Кавадарци, агресивно однесување…

На 11-ти февруари 2023 година, во 20:30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека лицето Ј.П. од охридското село Велгошти, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11-ти февруари 2023 година, во 17:30 часот, во селото Издеглавје, општина Дебрца, нарушен е јавниот ред и мир со карање, агресивно однесување и закани упатени од страна на 73-годишниот Д.Т. кон 37-годишниот М.С., двајцата од истото село. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12-ти февруари 2023 година, во 01:00 часот, во СВР Охрид приведен е 38-годишниот И.Г. од Охрид кој претходно, во казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон присутните гости а потоа и кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12-ти февруари 2023 година, во 05:30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека 38-годишниот Е.В. од Кавадарци, пред казино лоцирано на улицата „15-ти корпус“ во Струга, бил физички нападнат од страна на две непознати лица кои му одзеле 11.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите по што ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука