Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Од Дебарско-кичевската епархија апелираат на помош за настраданото население во Сирија и Турција

Охрид, 13. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Дебарско-кичевската епархија апелираат до сите кои се во можност да им помогнат за настраданите во разорните земјотреси во Сирија и Турција.

– Во името на солидарноста и хуманоста, упатуваме јавен повик до целата охридска јавност, политичките партии, бизнис заедницата, граѓански здруженија, невладини организации, ИВЗ, да се приклучат кон овој наш повик за помагање на настраданото население во Сирија и Турција. Финансиска помош може да се донира на веќе познатиот број 143 400 и на жиро сметките 300000001327966 – Сметка на Солидарноста на Црвениот Крст на РМ. Даночен број 4030984271620 Комерцијална Банка АД со назнака: Помош за населението во Турција и Сирија, стои во апелот.

Донации во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION:RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADRESS: UL.ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE
BANK ACCOUNT: 300000000000133
25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE:MK07300701000001228

Донација на материјални добра:

– Зимски семејни шатори, церада (постилка за на земја), фенер на соларно напојување, кебиња, вреќи за спиење, столици на расклопување, креветчиња на расклопување, греалки на струја/плин, кујнски сетови.

Донација на прехрамбени производи:

– Брашно, масло, шекер, сол, ориз, грав, макарони, чај (филтер), конзервирана риба, готова конзервирана храна (телешка/пилешка), бебешка храна.

Донација на средства за хигиена:

– Детергент за перење, шампон, сапун, тоалетна хартија, хигиенски влошки, влажни марамици, паста за заби, четки за заби, пена за бричење, бикчиња за бричење, средства за миење садови, памперси.

– Рокот на траење на производите да биде минимум 6 месеци. Донираните артикли да бидат нови. Материјалните средства може да се достават во просториите на Црвен Крст Охрид, секој работен ден во периодот од 09:00 до 15:00 часот, стои во дописот на Дебарско-кичевската епархија од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука