Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Охридскиот архив почнува дигитализација на фондот на Струшките вечери на поезијата

Охрид, 14. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот архив започнува со дигитализација на фондот на фестивалот „Струшки вечери на поезијата” со гранични години 1963-1990, со 50 архивски кутии.

Проектот е во целост во рамки на Државниот архив и подрачното одделение Охрид, вели директорот Никола Митровиќ.

Можно е да е слика од 2 луѓе, седнати луѓе, лаптоп и внатре

– На дигитализација работат архивиститеВикторија Костоска, Елизабета Јованоска, Едис Абди, Мартин Ристески и Сеадете Османи. Со овој проект преку дигитализација трајно би се заокружила и зачувала досегашната светска традиција на СВП, напиша Митровиќ на Фејсбук.

Можно е да е слика од 1 лице и внатре

Дигитализацијата сае спроведува врз основа на потпишаниот меморандум меѓу Државниот архив и Струшки вечери на поезијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука