Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Ракометен спектакл оваа сабота во Охрид

Охрид, 14. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вистински спектакл оваа сабота ги очекува љубителите на ракометот во Охрид.

Во второто коло од плеј-офот во Супер лигата, во Охрид гостува актуелниот шампион Вардар, што воедно е премиерен натпревар на домашен терен во новата полусезона. „Гладијаторите“ најавуваат беспоштедна борба на секоја педа од теренот и очекуваат полна сала.

Можно е да е слика од 1 лице и текст кој вели „" Ha гости ни доага шампионот. oohunmel очекуваме спектакл и полна сала навивачи. Ha шампион не му се упатуваат закани, но се надеваме на одличен натпревар BO KOj ke дадеме се од себе да останеме непоразени на CBOj терен. ги повикувам навивачите да додат BO што поголем бpoj, затоа што ke бидат наш седми играч на теренот. 1 александар миленковик Vs рк.вардар. B 1961 сабота, 18.02'23 @ 18:30 сала „биланини извори" охрид“

– На шампионот не му се упатуваат закани, но се надеваме на одличен натпревар во кој ќе дадеме се од себе да останеме непоразени на свој терен. Ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број, вели чуварот на мрежата Александар Миленковиќ.

На почетокот на месецов од навивачката група „Рибари“ најавија дека се враќаат на натпреварите на ГРК Охрид, а спектакл најавија токму за овој меч.

Натпреварот ќе се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18.30 часот.

„Гладијаторите“ на стартот од разигрувањето за титулата и местата кои водат во Европа во гости ја совладаа екипата на Еурофарм Пелистер 2. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука