Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Свикана 24. седница на Советот на општина Охрид

Охрид, 15. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник, на 21-ви февруари 2023 година ќе се одржи 24. седница на Советот на општина Охрид.

Почетокот на седницата е во 11:00 часот, а на деневен ред се 25 точки.

Советниците ќе расправаат по следниот Дневен ред:

1. Предлог-одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.

2. Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за извршување на буџетот на општина Охрид за 2023 година.

3. Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година.

4. Предлог-одлука за измени и дополнување на буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2023 година.

5. Предлог-одлука за субвенционирање трошоци за потрошена електрична енергија на ЈП„Водовод“ Охрид.

6. Предлог-одлука за давање согласност на измените на годишниот План за вработување на општина Охрид за 2023 година.

7. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање на времено користење недвижен имот на ЈП „Билјанини извори“ Охрид.

8. Предлог-одлука за формирање на Совет за женско претприемништво на општина Охрид.

9. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за отпис и расходување на основни средства во сопственост на ОСУ„Св. Климент Охридски“ од Охрид.

10. Предлог-одлука за подигање спомен-обележје за Стојан Шутев, Тасе Василев и Коле Јанев, од селото Завој, загинати за време на Илинденското востание.

11. Предлог-одлука за прифаќање донација на движни ствари – опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид.

12. Предлог-одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид сопственост на општина Охрид на ООУ „Христо Узунов“ во Охрид.

13. Предлог-одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид сопственост на општина Охрид на ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид.

14. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 541/4 КО Велгошти.

15. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1335 КО Љубаништа.

16. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1814/1 КО Лескоец.

17. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2374 КО Лескоец.

18. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2493/1 и кп.бр. 2493/2 КО Коњско.

19. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2632/1 КО Долно Лакочереј.

20. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1437/1 КО Лескоец.

21. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1571 и кп.бр. 1637 КО Опеница.

22. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2119 КО Велестово.

23. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 5928 КО Охрид 4.

24. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 6097/1 КО Охрид 4.

25. Предлог-одлука за изменување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 1540 КО Рамне. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука