Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во декември лани во Охрид издадени 7 одобренија за градба, планирана е изградба на 81 стан

Охрид, 15. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во месец декември 2022 година во Охрид биле издадени 7 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Од нив во три случаи инвеститор е физичко лице, а во четири правен субјект. Предвидена е градба на 81 стан, со вкупна корисна површина од 4.841 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се се издадени одобренија за градба.

На ниво на Македонија во декември 2022 година издадени се 307 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 151 се наменети за објекти од високоградба, 83 за објекти од нискоградба и 73 за објекти за реконструкција. Од вкупно 307 објекти, на 161 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 146 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 621 стан, со вкупна корисна површина од 60.719 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука