Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Езерско кошаркарско дерби ГКК Охрид-КК Црн Дрим Струга

Охрид, 25. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на 16-то коло од Втората кошаркарска лига, денеска ќе се одигра езерското дерби.

– Со нетрпение го чекавме овој натпревар цела сезона да го одиграме на домашен терен против екипата на КК Црн Дрим-Струга и да покажеме втора година по ред кој е на врвот во ова дерби, порачаа од ГКК Охрид.

Од 15:00 часот, сите патишта водат во Спортската сала „Билјанини извори“.

– Дојдете да им дадеме максимална поддршка на нашите кошаркари, порачуваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука