Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Охриѓаните Денис Дон и Таркан Селман ја претставија новата песна „Бакни ме за крај“ (Видео)

Охрид, 25. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓаните Денис Дон и Таркан Селман деновиве ја претставија новата песна насловена како „Бакни ме за крај“.

Текстот е на Таркан Селман, а аранжманот е дело на познатиот режисер и продуцент Даниел Јовески, кој заедно со Селман се погрижи и за пратечките вокали на песната.

– Песната е продуцирана уште во 2002/2003 година, но си го чекаше своето време и е посветена на едно вљубено момче кое ја бара неговата љубов. За мене има двојно значење и ја одразува и мојата голема љубов кон музиката. Со текот на времето, моите погледи и вкусови кон музиката се менуваа, но сепак останав верен на RnB и Hip Hop музиката со влијанија од светски познати музичари како Justin Timberlake, Dj Khaled, Future и многу други, вели Денис за Супер радио и OhridPress.

Додава дека во моментов работи и на нов албум, кој најверојатно треба да се појави следната година, на кој ќе гостуваат познати македонски артисти и ќе биде микс од повеќе музички жанрови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука