Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

При претрес во домот, пронајден кокаин кај 34-годишно лице од Охрид

Охрид, 2. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 1. март 2023 година, во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 34-годишниот Н.П. од Охрид.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од кокаин. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука