Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва „Енергични луѓе“ во ЦК „Григор Прличев“

Охрид, 3. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Народен театар Охрид, вечерва од 20:00 часот повторно ќе ја изведе претставата „Енергични луѓе“, според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски.

– Играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн се на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ, информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Претставата, иако сместена во социјалистичките, 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.

Поради зголемениот интерес кај публиката, претставата ќе се игра и во петок, на 17-ти март 2023 годниа, со почеток во 20:00 часот. Билетите по цена од 200 денари можат да се купат во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид. Телефони за резервации 046/261-063 и 075/283-066. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука