Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Урбанистички план за село Долно Лакочереј, Општина Охрид

Охрид, 10. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл. весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 99/18 и 89/22), Општина Охрид, на ден 03.03.2023 година донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена.

1. За планскиот документ Урбанистички план за село Долно Лакочереј, Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.

2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Урбанистички план за село Долно Лакочереј, Општина Охрид, се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина Охрид.

3. За планскиот документ Урбанистички план за село Долно Лакочереј, Општина Охрид, кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина.

4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство и пејсаж).

5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса: www.ohrid.gov.mk

6. Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Повеќе ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука