Избор Локална самоуправа

Словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш во посета на Општина Охрид

Охрид, 10. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Словачка во Република Македонија, Хенрик Маркуш.

Од локалната самоуправа информираат дека разговорот бил фокусиран на априлската средба со амбасадорите на земјите чии граѓани се добитници на Светската награда за хуманизам.

– Договерено е средбата да се одржи во средината на април, на која ќе бидат презизирани деталите за свеченото откривање на споменикот на хуманизмот на 9-ти август. На истиот ден ќе биде доделена и годишната светска награда за хуманизам, а ќе му биде врачена и на минатогодишниот добитник Далимир Хајко, светски познат филозоф, есеист, литертурен критичар и професор на универзитетот од Жилина, која поради Covid-19 кризата беше одложена на неодредено време, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука