Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Судии и советници од Уставниот суд на работилница за унапредување на човековите слободи и права во Охрид

Охрид, 10. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Судии и советници од Уставниот суд на Република Македонија учествуваат на дводневна тематска работилница во Охрид на која се споделуваат искуства и примери од Европската конвенција за човекови права, како и сопственичките права за европските човекови стандарди.

Оваа работилница се организира преку Уставниот суд на Република Косово, во рамки на проектот „Поддршка на Уставниот суд на Косово во примената и ширењето на европските стандарди за човекови права“, јави МРТ.

Целта на овој проект е да се поддржат напорите на Уставниот суд за обезбедување заштита на индивидуалните човекови права и основните слободи на носителите на правата. Во оваа насока е и усогласувањето на домашните пресуди со европските стандарди за човекови права, во врска со индивидуалните жалби, дополнително да се подигне свеста на правните професионалци за улогата и функцијата на Уставниот суд и да се зголеми влијанието на судската пракса на Уставниот суд врз домашниот правен поредок.

Kако предавачи на оваа работилница, организирана од страна на Советот на Европа, се ангажирани експертите од оваа област: Мирјана Лазарова Трајковска, Бурак Гемалаз и Ана Вилфан Восперник.

Во работилницата учествуваат: судија м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева и судија д-р Осман Кадриу, како и советниците на судот д-р Сања Гелевска Трајчевски, Енсар Јусуфи и Мартин Трајановски. (Крај)

извор: МТВ фото: МТВ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука