Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Преподобен Василиј Исповедник

Охрид, 13. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Преподобен Василиј Исповедник, соработник на свети Прокопиј Декаполит.

Василиј верно го следеше својот учител Прокопиј и во времето на мир, и кога настапија гонењата. Претрпе многу маки од иконоборците.

А кога иконоборците пропаднаа, по Божја Промисла, Василиј се врати заедно со Прокопиј во својот манастир, и таму во пост и молитва поживеа долго и се упокои мирно, во 747 година. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука