Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 15. степени

Охрид, 14. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 15. степени.

– Времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (наместа и над 70 км/час), а дневната температура значително ќе се намали. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и потопло, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука