ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Жозеп Борел на 16-ти и 17-ти во посета на Скопје, на 18-ти март со Вучиќ и Курти доаѓа во Охрид

Скопје/Охрид, 13. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел на 16, 17 и 18 март ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, каде како што е најавено, ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија.

Борел, како што е најавено, најпрво на 16-ти март ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а во петок на 17-ти март ќе претседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјава, каде Македонија ќе ја претставува премиерот Ковачевски, а Европската комисија ќе ја претставува комесарот Вархеи.

За време на посетата, Борел, како што е најавено, ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието, замениците-претседатели, координаторите на политичките партии и претседавачи на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања при Собранието на Република Македонија.

Борел, на 18 март заминува во Охрид, каде премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, како дел од дијалогот Белград-Приштина. (Крај)

извор: Република фото: Република

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука