Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 8. степени

Охрид, 15. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд.

Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Денес ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места. Утре ќе дува засилен до силен северен ветер (на места и над 70 км/час) и локално ќе провејува слаб снег. Од петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и потопло, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука