Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

„Хваранг Фист“: Успешно заврши интернационалниот WT Теквондо турнир „Охрид Опен 2023“

Охрид, 27. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Успешно заврши интернационалниот WT Теквондо турнир „Охрид Опен 2023“, информираат организаторите од Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид.

На турнирот учество зедоа 200 натпреварувачи од 15 клубови од 4 земји од регионов, кои зедоа учество во борби во сите категории.

– За нас беше голема чест присуството на Олимпискиот медалист Дејан Георгиевски, како и на двајцата градоначалници на општина Бутел и општина Ѓорче Петров, Дарко Костовски и Александар Стојкоски кои ги бодреа своите натпреварувачи, потенцираат од „Хваранг Фист“.

Постигнати резултати во екипен пласман:

1. ТКД „Бутел“
2. ТКД „Корио“ – Кисела Вода
3. ТКД „Младост“
4. ТКД „Кобра“
5. ТКД „Хваранг Фист“

Постигнати резултати во поединечен пласман:

– Најдобар пионер – Денис Чоби од ТКД „Улцињ“, Црна Гора;
– Најдобра пионерка – Теона Цветковска од ТКД „Те-Макс“, Скопје;
– Најдобар кадет – Александар Ангеловски од ТКД „Корио“, Скопје;
– Најдобра кадетка – Амела Нути од ТКД „Улцињ“, Црна Гора;
– Најдобар јуниор – Филип Блажевски од ТКД „Бутел“, Скопје;
– Најдобра јуниорка – Сара Краја од ТКД „Улцињ“, Црна Гора и
– Најдобар сениор – Дин Личина од ТКД „Кобра“, Скопје.

Таеквондистите од клубот „Хваранг Фист“ од Охрид освоија 6 златни, 9 сребрени и 4 бронзени медали со напомена дека Ангел Чубриновски беше најдобар пионер во Б класа. Сите резултати може да се погледнат на следниот линк.

– Турнирот помина во одлична атмосфера со многу дружење и забава. Заради службено патување на отворањето на турнирот не беше градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков кој лично се извини што нема да може да биде дел од отворањето со своите колеги, а протокол службата за жал потфрли и не испрати свој претставник на отворањето, иако беа известени на време, потенцираат од „Хваранг Фист“ од каде испраќаат голема благодарност за помошта до Гостилница „Мече“, хотел „Су“, пица бар „Инстинкт“, Ин диско „Инклузив“, слаткарница „Палма“, „Ник Пипо“, „Бугац“ ДООЕЛ и Супер Радио. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука