Забава Избор

Ris Flower сними преработка на „Сите Мои Слики“ на Ареа (Видео)

Охрид, 29. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на мајската промоција на новиот албум, Ris Flower ја сними преработката на „Сите Мои Слики“ на групата Ареа, 23 години по првичното објавување.

Звукот на новата верзија е свеж, модерен и моќен, постигнат во соработка со светски признати имиња како Мустафа Чанбалзар, кој е продуцент и аранжер. За миксот се погрижи Арикан Сарикаја, а песната е работена во Лондон и Истанбул.

– Чест ми е што добив одобрување од членовите на Ареа за преработка на овој хит. Музиката на оваа легендарна група, а посебно песната „Сите мои слики” има големо влијание врз мене како автор, па затоа во пресрет на албумот кој го најавувам за оваа пролет, решив да направам преработка на истата, а со тоа да изразам благодарност кон македонската музика и нејзиното влијание и инспирација врз музиката која јас ja творам на англиски јазик, изјави Ris Flower. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука