ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Костадиновска-Стојчевска: За десетина дена на ЕНЕР треба да се најде Законот за старото градско јадро во Охрид

Скопје/Охрид, 29. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – За десетина дена на Електронскиот национален регистар на прописи на Република Македонија, треба да се најде Законот за старото градско јадро во Охрид, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска за Мртв во врска со извештајот за состојбата на природното и културно наследство на Охридскиот регион кој Министерството за култура го достави до УНЕСКО.

Драгана Велковска од Граѓанската иницијатива Охрид SOS потсети на многу реални проблеми како Студенчишкото блато, хотелот во Лагадин и други и потенцираше дека за жал се менуваат само фигурите, а всушност ништо не се менува.

– И покрај толку години сепак не се решаваат проблемите. Суштествените препораки, како мораториумот за градење се повторуваат, вели Велковска од Охрид SOS.

Според Каја Шукова, министер за животна средина не е вистина дека не е ништо направено.

– Мора да се има во предвид дека има многу активности кои треба да се спроведат, меѓу кои е и Охридското Езеро. Овие постапки бараат етапи во спроведувањето и чинители кои се вклучуваат во системот. Секој закон пред да се донесе се прават анализи и студии за валоризација. Како министерство не сме стручен орган и се базираме на ставовите и анализите на експертите и Здруженијата на граѓани, истакна Шукова.

Има ли простор до септември да се променат работите?

Интересно е што во извештајот за состојбата на природното и културно наследство на Охридскиот регион кој Министерството за култура го достави до УНЕСКО, никаде не се спомнува познатата дивоградба на охридското крајбрежје – хотелот во Лагадин, иако во една од препораките на последната мониторинг мисија од 2020 година на УНЕСКО, која беше означена како итна, се вели дека треба да се забрзаат аднимистративните постапки за да се постигне уривање на недовршениот хотел.

Порталот А1он неодамна јави дека од Министерството за култура го оправдале пропустот со изговор дека дека надлежните институции не им доставиле податоци за тековните активности околу хотелот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука