Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Време е за подароци: Секој има право на најсреќен Велигден со „Тамаро“ и Супер радио (Видео)

Охрид, 29. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на најголемиот христијански празник, од охридските „Тамаро“ маркети порачуваат дека секој има право на најсреќен Велигден.

Заедно со Супер радио, како традиционални партнери, во соработка со охридскиот Црвен крст, започнуваат кампања во рамките на која ќе бидат поделени посебни пакети со намирници за семејства на кои тоа им е најпотребно.

– Во пресрет на најголемиот празник Велигден да им подадеме рака на оние на кои им е најпотребна.
„Тамаро“ на сите охриѓани постојано им подарува најниски цени за купување, а за сите на кои им е најпотребно, сега и можност да го прослават празникот како што доликува. Секој ден ќе подаруваме вредни пакет на Супер радио, а во соработка со Црвен крст Охрид обезбедени се посебни пакети за десет семејства на кои тоа им е најпотребно, потенцираат од водечкиот маркет во регионот, охридските „Тамаро“ маркети.

Секој работен ден на Супер радио, ќе се организира и посебен GIVEAWAY на „Тамаро“ за најсреќен Велигден.

Денешниот е веќе во тек, трае до 16:00 часот и може да учествувате ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука