Забава Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Во сабота „Првоаприлски хепенинг под маски“ на охридскиот плоштад

Охрид, 29. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Општина Охрид, во сабота на 1-ви април 2023 година, по повод Денот на шегата ќе се одржи „Првоаприлски хепенинг под маски“ на плоштадот „Свети Климент Охридски“.

На настанот со свои музички и танцови точки ќе настапат дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, како и ученици од сите Основни училишта од територијата на Општина Охрид.

Програмата ќе започне во 11:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука