Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Македонија земја партнер на меѓународниот саем за туризам во Ниш

Ниш, 30. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија е земја партнер на овогодинешниот саем за туризам во Ниш, што започна денес, а ќе трае до сабота.

Присуствуваат над 150 излагачи и агенции, а превидени се бројни наградни игри и организирани посети на нишките туристички атракции.

Овој настан е одлична можност за зајакнување на нашите партнерски односи и создавање на нови, вели првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.

Можно е да е слика од 7 луѓе, луѓе што стојат и внатре

– Соработката меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, за што се надевам дека оваа тенденција на пораст на туристичка размена ќе остане и во иднина. На македонскиот штанд кој со својата репрезентативност ги отсликува културните, природните и гастрономските разноликости, коегзибитори се општините Демир Капија и Гевгелија.Успешните промотивни активности на Агенцијата за туризам на туристичкиот пазар во Србија, позитивно се одразија на зголемување на број на туристи, кој во последниве неколку години изнесува повеќе од 45%. Вкупниот број на српски туристи е 63.834 за 2022 година, што го надминува бројот на посети од одличната 2019 година, истакна Јаневски.

Уште еднаш го потенцира големото значење на воведувањето на авио линијата Охрид-Белград, која ќе овозможи дополнителна туристичка размена и патување до дестинациите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука