Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради минирање, денеска околу 16:00 часот изменет режим на сообраќај на патниот правец Кичево-Охрид, на потегот од Песочан до Врбјани

Охрид, 31. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, околу 16:00 часот, на патниот правец Кичево-Охрид, на потегот од селата Песочан до Врбјани, на сила ќе биде изменет режим на сообраќај поради изведување на градежни работи (минирање).

– Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука