Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Хуманитарна свирка за помош на 9-члено социјално загрозено семејство од Охрид

Охрид, 1. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на ЦКА-ПХВ циклусот за 2023 година една од групите која работи на социјален проект организира хуманитарна свирка на Градскиот плоштад во Охрид.

– ПХВ (Промоција на хумани вредности) е национална програма што се спроведува повеќе од 20 години и за цел има подигање на свеста, помагање на ранливите категории на население во заедницата, намалување на дискриминација и одржување на екологијата, односно да дејствува на сите сфери во општеството. Групата која ја организира свирката има за цел да обезбеди финансиски средства за помош на 9-члено социјално загрозено семејство кое живее во лоши услови, информираат од Црвен крст Охрид.

Свирката ќе се одржи денска, сабота, 1. април 2023 година, со почеток во 14:00 часот на Градскиот плоштад во Охрид.

– Ги покануваме сите хумани граѓани да се придружат, да се забавуваат и заедно да придонесат кон подобрување на условите за живот на ова семејство, порачуваат младите активисти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука