Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Ден на архивите и на архивистите, Охридскиот Историски архив останува чувар на минатото и светилник на иднината

Скопје/Охрид, 1. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува 1 април – Ден на архивите и на архивистите. Државниот архив претставува значајна научно-историска и културна институција, која во изминатите 72 години е витален склад на историски записи и документи што даваат увид во минатото на земјава.

– На 23 јануари 1950 година е донесен првиот Општ закон за државните архиви во Југославија, а потоа, на 6 јануари 1951 година, Народното собрание на НР Македонија го донесе Законот за државните архиви. Во 1951 година, врз основа на Законот за државните архиви на НРМ, на 1 април е формиран Државниот архив на НРМ (од 1965 година го носи името Архив на Македонија, од 2000 година – Државен архив на Република Македонија). Затоа овој ден го одбележуваме како ден на архивите и на архивистите во државава. Освен централниот дел, во периодот 1951-1962 година се отворени одделенија низ градовите во целата држава: Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Тетово, се наведува во соопштението од Државниот архив.

Охридскиот Архив останува чувар на минатото и светилник на иднината. Станува збор за отворена институција, а целта е да привлече голем број посетители и јавноста да го сфати неговото значење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: marh.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука