Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Разиграно шаренило од маски, шега и смеа: Најмладите го прославија Денот на шегата

Охрид, 1. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На плоштадот „Свети Климент Охридски“, денеска се одржа „Првоаприлски хепенинг под маски“.

На настанот кој се одржа во организација на Општина Охрид, со свои музички и танцови точки настапија дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, како и ученици од сите Основни училишта од територијата на Општина Охрид.

– Во пресрет на 1-ви Април, Денот на шегата и смеата и ние најмалите се маскиравме во своите омилени цртани јунаци и преку музика и игра го одбележавме нашиот најомилен ден. Разиграно шаренило од маски, шега, смеа, разиграни и насмеани нашите ученици од прво одделение учествуваа на настанот, порачаа од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ООУ „Св. Климент Охридски“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука