Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд попладне и температура до 14. степени

Охрид, 2. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Под влијание на нов влажен и постуден бран утре ќе има врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), локално проследени со ретки грмежи. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Потоа во следните три дена ќе преовладува студено и ветровито време со повремени локални врнежи, претежно во западните делови, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука