Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид осветлена во сина боја во знак на поддршка на лицата со аутизам

Охрид, 2. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во знак на поддршка на лицата со аутизам, зградата на Општина Охрид синоќа беше осветлена во сина боја.

– Светскиот ден на свесноста за аутизмот е 2-ри април. Светски ден за подигнување на свеста за лицата со аутизам е прогласен во 2008 година. Од тогаш па наваму се одбележува секој 2-ри април. Во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушување денес светот се бои во сино, објави градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков.

Светот денес го одбележува 2-ри април, Меѓународниот ден за подигање на свесноста за лицата со аутизам. Околу 1% од светската популација се лица со аутистичен спектар на нарушувања. Се претпоставува дека 7 милиони луѓе во Европска Унија и околу 15 до 20.000 лица во нашата држава имаат аутистичен спектар на нарушувања. Со резолуција на Генералното обрание на Обединетите нации од 2007 година, 2 Април се одбележува како Меѓународен ден на аутизмот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука