Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 7 возачи од Охрид и 4 од Струга кои управувале возила под дејство на алкохол

Охрид, 2. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 01/02.04.2023 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, преземени се засилени контроли во патниот сообраќај.

– Притоа, полициските службеници затекнале 16 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид 7, Струга 4 и Кичево 5). Тие се веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука