Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Свети Јаков, епископ и Исповедник

Охрид, 3. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го прославуваат Денот Свети Јаков, епископ и Исповедник.

Не се знае ни местото на неговото раѓање, ни местото на неговото епископство. Се знае само дека ги исполни Христовите заповеди, подвизувајќи се многу во пост и во молитва и дека во времето на Копроним претрпе големи беди од иконоборците: глад, затвор и секакво подбивање.

Најпосле Му ја предаде својата света душа на Бога, Кому верно Му послужи во овој живот. Живееше и пострада во 7 век. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука