Избор Локална самоуправа

Се изведува нова водоводна линија на улицата „Браќа Миладиновци“

Охрид, 3. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Водовод“ од Охрид започнаа со градежни активности за изведба на нова водоводна линија на улица „Браќа Миладиновци“.

– Се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 135 метри. Активностите се со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука